245
Откако голем број извори попладнево пренесоа дека Хакан Чалханоглу ќе биде прво
засилување за Симоне Инѕаги во Интер, попладнево пристигна и официјална
потврда.
Самиот фудбалер во разговор со турските медиуми соопшти дека се сели во редовите
на Интер.
„Се договорив со Интер, утре ќе патувам во Милано за да потпишам“ – вели Хакан
Чалханоглу.
Како што веќе објавивме, Хакан Чалханоглу и Интер си подале рака за
тригодишна соработка и плата од 5 милиони евра по сезона, плус додатен еден
милион евра во бонуси.
Хакан Чалханоглу ќе треба да ја пополни празнината која се отвори по
здравствените проблеми на Кристијан Ериксен, кој прашање е дали и кога ќе може
да се врати на терените.