301
„Скај Спортс Италија“ тврди дека Интер му доставил понуда на Чалханоглу и тие се уверени дека турскиот фудбалер ќе потпише за нив.
Тој има понуда од Милан на маса за продолжување на договорот која е вредна 4 милиони евра по сезона. Росонерите немаат намера да ја зголемат понудата, а Чалханоглу сака повеќе пари.
Ако се пресели во Интер ќе ја загуби почитта на фановите на Милан, но ќе добие повисока плата и ќе остане во Милано, нема да има потреба од селење.