163
Хакан Чалханоглу ги одработува последните месеци од договорот со Милан и има понуда да остане на Сан Сиро за плата од 4 милиони евра од сезона. Јувентус пак му нуди плата од 5 милиони евра по сезона за да се пресели во Торино.
Последните информации велат дека на адреса на Турчинот сега пристигнала богата понуда од Катар.
Ал Духаил му нуди пакет вреден 32 милиони евра, односно тригодишна соработка за плата од 8 милиони евра по сезона, плус бонус од 8 милиони евра за потпис на договорот.
Останува да се види дали овој предлог може да го натера играчот да замине од калчото и Италија. Новинарот Фабрицио Романо вели дека во моментов Хакан Чалханоглу преферира да остане во Европа.