264
Турскиот фудбалер не само што направи директен трансфер од Милан во Интер, туку и влезе во расправии со фановите на росонерите откако по постигнатиот гол испрати провокација до навивачите.
„Поминав пет позитивни сезони во Милан. Се уште имам многу пријатели таму“, вели Чалханоглу.
„Одлучив да одам во Интер бидејќи сакав нов предизвик во кариерата. Тие се голем клуб, тие ја освоија лигата минатата сезона и играат во Лигата на шампионите“.
„Свесен сум каков трансфер направив. Но тоа е животот. Морате да гледате напред, не назад. Знаев дека Интер отсекогаш биле голем тим и тие често го победуваат Милан во градските дерби натпревари“.