Чалханоглу далеку од договор со Милан, Турчинот си заминува без обештетување

by
1 минути читање

Милан се враќа во
Лигата на шампионите, меѓутоа и повеќе од веројатно е дека тоа нема да се случи
со Хакан Чалханоглу, откако во Италија се
погласни се шпекулациите дека обете страни се
далеку од постигнување договор за продолжување на соработката која истекува
идниот месец.

„Тутоспорт“ тврди
дека разликата помеѓу понудата од страна на Милан, како и барањата на
фудбалерот е голема за обете страни да постигнат договор пред крајот на идниот
месец, а оваа тема се произвлекува веќе подолг период во таборот на клубот од
Милано.

Чалханоглу помина
четири сезони во дресот на Милан, каде направи трансфер од Баер Леверкузен за
23 милиони евра, со тоа што досега одигра 172 натпревари, на кои постигна 32
погодоци.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×