186
Барселона дојде
до мошне значајна победа кај Динамо Киев во четвртото коло од групната фаза во
Лигата на шампионите, а благодарение на голот на Фати, Каталонците се во добра
позиција за прогрес во нокаут рундата од тоа натпреварување.
Сепак, на
синоќешниот меч свое шоу, барем за момент имаше Серхио Бускетс, кој во една
ситуација почна да се „препелка“ по теренот по еден судир со противнички
фудбалер, за потоа веднаш да стане бидејќи домаќинот развиваше опасна акција.