Буфон жестоко критикуваше: Се срамиме од тоа што сме, денес во Италија не би имало место за некој како Киелини

by Стефан
1 минути читање

Легендарниот голман Џанлуиџи Буфон остро го критикуваше правецот во кој се движи италијанскио фудбал во последните години, оценувајќи дека обидите за копирање на шпанскиот стил довеле до губење на идентитетот и талентот кој некогаш ги красеше „Аѕурите“.

Говорејќи на презентацијата на првата листа од 100 кандидати за престижната награда „Голдеј бој“, Буфон отворено ја бранеше традицијата на италијанскиот дефанзивен фудбал и ја нападна доминантната тенденција што сака Италија да ја претвори во верзија на Шпанија или Барселона.

„Веќе дваесет години се срамиме од тоа што сме. Дваесет години слушам дека мораме да играме како Шпанија и затоа се поради тоа се жавме од нашата историја. Со тоа полека исчезнува и талентот. Денес би ни било срам да ставиме на терен фудбалери како Чиро Ферара или Фабио Канаваро. Киелини веројатно не би добил место во екипата, бидејќи, замислете, нема додавање во празен простор!“, истакна Буфон.

Иако признава дека фудбалот на Барселона е спектакл што вреди да се плати за да се гледа, тој предупреди дека Италија не може и не смее да се обидува да игра на ист начин.

„Да, сакам да ја гледам Барселона и ќе платам влезница, но не ние не можеме да мислиме дека ќе играме одбрана високо на средината на теренот 90 минути Тоа не е нашата ДНК“, додаде поранешниот чувар на мрежата на Јувентус.

Според Буфон, историските победи на Италија секогаш се темелеле на цврста одбрана, дисциплина и тимска кохезија, а не на спектакуларни додавања или посед на топка.

Фото: Juventus FC/X

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани