Буфон: Заминувам од Јувентус, мојата одлука е конечна

by
1 минути читање

43-годишниот Буфон кој во јули 2019 се врати во Торино по една година помината во ПСЖ, вели дека по крајот на сезоната заминува од Јувентус.

Тој се уште не знае дали ќе стави и крај на кариерата или ќе продолжи да брани во друг клуб.

„Мојата иднина е јасна и дефинирана. Ова прекрасно и многу долго искуство со Јувентус доаѓа до дефинитивен крај оваа година“, изјави Буфон за „Беин Спорт“.

„Или ќе прекинам да играм или ако најдам ситуација која ме мотивира да играм или да имам поинакво животно искуство, ќе го разгледам тоа“.

„Чувствувам дека дадов се за Јуве. Добив се и повеќе од тоа не може да биде направено“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×