Буфон вечерва може да го помине Пандев и да се изедначи со Манчини

by
1 минути читање

Роберто Манчини е рекордер по бројот на освоени титули во Купот на Италија, има шест од кои четири се со Сампдорија и два со Лацио.

Неколку фудбалери имаат по пет трофеи а меѓу нив се Џиџи Буфон и нашиот Горан Пандев.

Горан Пандев има еден куп трофеј со Лацио, два со Интер и два со Наполи.

Доколку денеска Јувентус го победи Наполи во финалето Буфон ќе го помине Пандев и ќе се изедначи со Роберто Манчини кој повеќе нема да биде осамен на врвот.

Фудбалери кои по пет пати го освоиле Купот на Италија:

Горан Пандев (Лацио 1, Интер 2, Наполи 2)

Џанлуиџи Буфон (Парма 1, Јувентус 4)

Франческо Толдо (Фиорентина 2, Интер 3)

Дејан Станковиќ (Лацио 1, Интер 4)

Стефан Лихштајнер (Лацио 1, Јувентус 4)

Џузепе Фавали (Лацио 3, Интер 2)

Бруно Конти (Рома 5)

Фаусто Салсано (Сампдорија 4, Рома 1)

Ромео Бенети (Милан 2, Рома 2, Јувентус 1)

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани