Ова е голем ден
за талентираниот голман на Милан, Џанлуиџи Донарума денес полни 18 години и му се отвараат нови врати.
Младиот
Италијанец дебитираше за „Росонерите“ на 16 години, важи за огромна надеж и
многумина го гледаат како наследник на легендарниот Џиџи Буфон.
Голманот на
Јувентус уште еднаш ја покажа својата класа и одвои време за да испрати специјална
порака за својот помлад колега.
„Здраво Џиџо,
овде е Џиџи” – вели Буфон.
„Ти поскувам среќен роденден”.
„Конечно можеш да
влезеш во светот на големите момци, на кој припаѓаше и претходно”.
„Уживај колку
можеш повеќе во овие години. Ќе разбереш дека е тешко во светот на возрасните”.
„Но ти ги имаш
сите потребни квалитети, технички како голман и морални како момче, да креираш
важен простор, за да бидеш среќен и да одбележиш една ера”.
За секој голман
од Италија во последните 20 години Џиџи Буфон е модел и пример кој треба да се следи, па
сигурно овие збориви ќе бидат од големо значење за младиот Џанлуиџи Донарума.