Јувентус се надеваше дека со Кристијано Роналдо ќе ја освои Лигата на шампионите, но тоа не се случи. Португалецот имаше одлична голгетерска статистика, но Буфон смета дека тој го урнал тимскиот дух.
„Јувентус имаше можност да ја освои Лигата на шампионите во првата година кога тој пристигна, тогаш јас бев во Париз“, вели Буфон.
„Не можам да кажам што се случи. Кога се вратив, работев со Кристијано две години и нашиот однос беше добар, но мислам дека Јувентус ја загуби својата ДНК како тим“.
„Кога стигнавме во финалето од Лигата на шампионите во 2017 година, тоа се случи бидејќи работевме како едно, како тим“.
„Имаше конкурентност за позициите во тимот, се бореа сите за да се најдат во стартните 11. Со Кристијано Роналдо го загубивме тоа“.