Легендарниот
италијански голман Џанлуиџи Буфон испрати емотивно писмо до навивачите на
Јувентус за кои подвлече дека се рамката на која ја отсликал историјата со „Бјанконерите“,
заедно паѓале, а заедно и се искачувале на врвот.
43 годишниот
Буфон пред две години се врати во Јувентус по авантурата во ПСЖ, а последниот
трофеј со „Старата дама“ го освои во националниот куп на Италија, по што ќе си
замине од клубот по крајот на актуелната сезона.
„Вие бевте
рамката на која ја отсликав мојата историја со Бјанконерите“ пишува Буфон.
„Во сиве овие 20
години ниту еднаш не ме напуштивте, секогаш ме поддржувавте и охрабрувавте, заедно
паѓавме, но и заедно се искачувавме нагоре“ додава тој.
„Заедно
доживеавме бесконечна радост, а заедно доживувавме и длабоки разочарувања,
едноставно благодарам никогаш не би било доволно за да го отплатам овој долг
кој го имам од вас за огромната поддршка цели 20 години“ нагласи легендарниот
голман.