Голманот на
францускиот шампион ПСЖ, Џанлуиџи Буфон посочи дека сега не е добар момент, а
воедно и период, за да се анализира Манчестер јунајтед, како противник на тимот
од Париз во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Говорејќи за
вчерашната ждрепка, Буфон вели дека некои од екипите имале комплицирана, а
некои лесна ждрепка, тој издвои дека неговиот поранешен клуб Јувентус добил
тежок противник.
„Ова не беше
лесна ждрепка, некои од екипите имаа комплицирана ждрепка, некои лесна.
Јувентус доби тежок противник во Атлетико Мадрид, Баерн Минхен го доби Ливерпул…“ рече Буфон а потоа се надоврза и на
противникот кој неговата екипа ПСЖ го доби, а тоа е Манчестер јунајтед.
Говорејќи за Премиерлигашот, тој посочи дека е рано да се анализира како противник во елиминационата фаза од Лигата на шампионите, Италијанецот наведе дека рано е поради тоа што може да следат многу промени кај таа екипа, промени во играчкиот состав, а воедно можно е да се случи промена на Жозе Мурињо, тоа веќе и се случи, денес, Португалецот доби отказ од клупата на таа екипа.
„Мораме да бидеме
храбри, во оваа фаза од натпреварувањето ќе мораме да прикажеме ист менталитет
како што прикажавме во групната фаза, но, морам да додадам дека рано е да се
говори на таа тема, Лигата на шампионите продолжува во февруари, за два месеца.
Многу работи можат да се променат до тогаш. Тие можат да го променат тренерот,
играчите, постои трансфер период. Според мене, ова не е добар момент за да се
анализира противникот“ посочи Италијанецот.