Голманот на
Јувентус, Џанлуиџи Буфон ги негирал шпекулациите во јавноста дека тимот на „Старата
дама“ наводно не ги почитува барањата и задачите поставени од тренерот Андреа
Пирло.
Пирло е под голем
притисок по очајната сезона со Јувентус, откако тимот од Торино во моментов на
три кола до крајот на сезоната се наоѓа на петтото место на табелата, што
практично значи дека засега нема обезбедено место во Лигата на шампионите за идната сезона.
„Тоа не е точно,
не е точно дека не ги следиме насоките од страна на Пирло“ им нагласил Буфон на
ултрасите на Јувентус за време на нивната средба во пресрет на дуелот со
Сасуоло вечерва, тврди фудбалски портал „Гол“.
„Тоа ви го велам
бидејќи јас сум на теренот секој ден и тренирам со останатите“ додал тој, а наводно
категорично подвлекол дека тимот и натаму останува на остварување на целта за
обезбедување место во Лигата на шампионите за идната сезона.
Дел од медиумите и натаму тврдат дека Пирло веќе го загубил своето влијание во соблекувалната на Јувентус.