Кратко траеше
авантурата на 22 годишниот Емерсон Ројал во Барселона, само два месеци откако
беше претставен во нов фудбалер на Каталонците, односно за 9 милиони евра беше
искористена опцијата за обештетување на Бетис и враќање од позајмица, брзо беше
продаден за околу 30 милиони евра на Тотнем.
Во интервју за „Марка“,
бекот открива што се случувало изминатиов период, односно што му претстоело на
неговиот трансфер во Премиерлигата, каде јасно наведува дека немал никаква
намера да си замине од „Камп Ноу“.
„Кога пристигнав
во клубот сигурен бев дека Барселона не сака да ме продаде, но подоцна откако
увидов што се случува ми стана и повеќе од јасно зошто ме ангажирале, тие веќе
имале идеја во својот ум да ме продадат, имав средба со лидерот на клубот, а тие
веднаш почнаа да ми објаснуваат како е најдобро за клубот да ме продадат,
односно ситуацијата не била добра, клубот минувал низ тежок период“ вели
Емерсон.
„Јас постојано им
повторував дека мојата намера е да останам во клубот бидејќи имав илузија да
играм во тој клуб, да придонесам за Барселона, се чувствувам за паметна особа,
брзо увидов дека интенцијата им е продажба и ништо друго, постојано ме убедуваа
со добри зборови“ додава тој.
„Јас немав
претстава за тоа што се случува, но читав низ медиумите за интересот од Тотнем,
за момент помислив дека клубот посакува да ме задржи, играв во неделата како
стартер, а наредниот ден отидов тивко на тренингот, меѓутоа наредниот ден бев
повикан во клупските простории каде ми посочија дека сакаат да ме продадат“
заврши Емерсон.