Брутално: Помошникот на Сампаоли нокаутираше еден од ултрасите на Ница! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

На синоќешниот
дуел помеѓу Ница и Марсеј дојде до голем инцидент, домашните навивачи влегоа во
теренот и ги нападнаа гостинските фудбалери. Хаосот започна кога во
75. минута, полетаа шишиња од трибините и го погодија Димитри Паје, а играчот
реши да возврати со иста мера и фрли шишиња кон публиката.

Ултрас навивачите
на Ница потоа се симнаа за да се пресметаат, веднаш притрчаа луѓето од обезбедувањето,
а во одбрана на своите фудбалери тргнаа и луѓето од стручниот штаб на Марсеј.

Еден од
помошниците на Хорхе Сампаоли дури и брутално нокаутираше навивач на Ница. Се
работи за Хорхе Десио, кој сигурно ќе заработи жестока казна.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×