Бруталната физичка промена на најмладиот стрелец во Ла Лига (ВИДЕО)

by bojan
2 минути читање
Ксиско Надал

Ксиско Надал стана најмладиот стрелец во Ла Лига кова во дресот на Виљареал погоди против Еспањол во 2003 година, две децении подоцна, тој има брутална физичка трансформација, но и исти голгетерски способности.

Во јуни 2003, Ксиско Надал испиша нова страна во историјата на Ла Лига, со 16 години и 153 дена постигна гол во дресот на Виљареал против Еспањол и стана најмладиот стрелец.

Неговиот рекорд важеше шест години, во 2009 потоа беше соборен од Муниан, а потоа и од Олинга, Фати и Јамал.

Ксиско Надал не ја направи кариерата која му се предвидуваше, во 2018 отиде во пензија во нисколигашот Рода и стана делегат на Виљарел.

Тој сега повторно е во фокусот на јавноста поради бруталната физичка промена, откако се појави во жолтиот дрес на ревијален натпревар со многу, многу килограми повеќе.

Сепак, во исто време Ксиско Надал покажа дека ги поседува истите голгетерски способности и постигна убав гол.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани