Тоа што се
најавуваше се оствари, новото раководство на Њукасл му врачи отказ на тренерот
Стив Брус по само две седмици откако се случи продажбата на клубот од „Сент
Џејмс Парк“, а самиот Брус отворено за јавноста призна дека тоа би можело да
биде негов последен ангажман во фудбалот.
„Мислам дека ова
ќе биде мојот последен ангажман како тренер во фудбалот, не се работи само за
мене, туку и за целото мое семејство, а сето тоа поради фактот што неминовно е
да се избегнат последиците од ваква работа“ рече Брус во разговорот со „Телеграф“.
„Сево ова ја
загрижуваше и мојата сопруга, каква фантастична жена е таа, неверојатна, како
сопруга и мајка, но и баба, за момент помислив дека можам да се справам со сите
случувања во Њукасл, но едноставно не можев, беше премногу тешко“ додаде 60
годишниот Брус кој во поразот од Тотнем во неделата го запиша својот 1000 натпревар како тренер.
„Никогаш да не
бидете сакан, да чувствувате дека луѓето околу вас едвај чекаат да потфрлите,
да читате низ коментарите на многумина кои велат дека ќе потфрлите, дека сте
некорисен, дебел човек кој зафаќа простор, глупав, тактички неспособен за
фудбал, а сите тие коментари од ден на ден се зголемуваа, а кога ќе следеа
добри резултати сите тврдеа дека сето тоа е поради среќа“ подвлече Брус.