Бруно Фернандеш пред најтешката одлука: Има рок од 72 часа да прифати или одбие 200 милиони од Саудиска Арабија

by bojan
1 минути читање

Неколку извори пренесуваат дека Саудиска Арбија му дала рок на Бруно Фернандеш да одговори до четврток дали сака да се пресели во Ал Хилал каде може да заработи и до 200 милиони фунти.

Капитенот на Манчестер јунајтед е пред тешка одлука, веројатно најтешката до овој момент – дали да продолжи на Олд Трафорд или да ги одбере милионите од Саудиска Арабија.

Неколку извори пренесуваат дека Португалецот добил рок од 72 часа, односно до четврток да одговори на богатиот предлог од Ал Хилал.

Се шпекулира дека на маса е  договор со неделна основна плата од 700.000 фунти, а доколку се земат во предвид сите бонуси кои се ветени, тригодишната соработка тежи фантастични 200 милиони фунти.

Останува да се види што ќе реши Бруно Фернандеш, кој неодамна изјави дека е подготвен да замине доколку Манчестер јунајтед одлучи да заработи од негова продажба.

Ал Хилал е подготвен на „граѓаните“ да им плати околу 100 милиони фунти, сума со која ќе биде остварена прилично голема капитална добивка.

ФОТО: X/Manchester United

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани