Бруно Фернандеш можеше да го спаси Манчестер јунајтед од пораз, но во 93. минута промаши пенал, шутна високо над голот и Астон Вила се радуваше на победа над Олд Трафорд.
Веројатно следниот пенал за Манчестер јунајтед ќе го зведе Кристијано Роналдо, но Фернандеш вели дека кога и да треба тој повторно ќе ја преземе истата одговорност.
„Никој не е пофрустриран и поразочаран од мене за промашениот пенал и поразот. Отсекогаш сум прифаќал одговорност и секогаш сум живеел моменти под притисок како сега. Потфрлив. Го прифатив предизвикот со иста амбиција и одговорност како и секогаш, ако и многу други пати кога топката завршила во мрежата. Критиките и различните мислења се голем дел од фудбалот. Научив да живеам со нив, дури и ги користам како мотивација и ги гледам како многу важен дел од мојата посветеност никогаш да не престанам да се обидувам да напредувам и да станувам најдобриот фудбалер кој можам да бидам за мене и за тимот. Денеска уште еднаш преземав одговорност која ми е дадена мене речиси веднаш откако дојдов во Манчетер јунајтед и ќе преземам пак без страв кога и ми речат. Најважната работа за амене е да победуваме заедно и секогаш ќе е трудам да направам се што можам за да им помогнам на моите соиграчи и клубот. Јас сум играч кој остава се на теренот со голема желба и посветеност. И тоа ќе продолжам да го правам. Ви благодарам на сите за поддршката по последниот свиреж! Слушајќи како го скандирате моето име на стадионот беше многу емоционално… ќе се вратам посилен, бидејќи тие се стандардите кои си ги кажав, но најважно е тоа да го направам за моите соиграчи и фановите кои секогаш не поддржуваат“, напиша Бруно Фернандеш.