641
Интер беше подобар од Реал Мадрид во првото полувреме, потоа мечот беше изедначен. Нероазурите не ги искористија своите шанси, па казната стигна во 90. минута кога Родриго погоди за триумф на кралскиот клуб.
„Одигравме одлично прво полувреме. Можевме да победиме 3-0. Нема разлика меѓу Интер и Реал Мадрид, но ако не постигнете гол, ќе го загубите натпреварот“, вели Брозовиќ.