Брозовиќ го известил Интер за својата одлука

by
1 минути читање

Марсело Брозовиќ
ги одработува последните месеци од договорот со Интер, се веруваше дека двете
страни начелно имаат договорено нова соработка, но Барселона замеша прсти во
последен момент и со поголема плата се обиде да го примами Хрватот да се
пресели на Камп Ноу.

Сепак,
„каталонците„ не успеале во намерата, како што пренесуваат Газета дело Спорт и
Тутоспорт, Марсело Брозовиќ донел одлука и го известил Интер дека ќе продолжи на
„Џузепе Меаца“.

Весниците
додаваат дека фудбалерот од средниот ред, покај Барселона, го одбил и предлогот
одново да игра под водствот на Антонио Конте во Тотнем.

Марсело Брозовиќ
со Интер ќе стави потпис на договор до
2026 година и ќе има годишна плата од 6 милиони евра,
плус еден додатен милион евра во бонуси.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×