Бризбејн го елиминира Шангај па го истрола Тевез: Карлос кој? (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Мега трошачите од Кина, Шангаш Шенхуа се елиминирани уште во квалификациите од Азиската Лига на шампионите откако изгубија дома од просечниот австралиски клуб, Бризбејн Роар.

Главните ѕвезди на Шангај кој е предводен од Густаво Појет беа во игра, Карлос Тевез, Обафеми Мартинс и Фреди Гуарин сите беа стартери.

Тевез е главната ѕвезда на тимот, тој стана најплатен играч во светот со неделна плата од 615.000 фунти. Но и покрај сите пари, изгубија со 2-0 од Бризбејн.

По мечот, Бризбејн ја прослави големата победа и твитна преку својот официјален профил прашувајќи: „Карлос кој?“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани