Брера го шокираше лидерот, тие ја победија Струга на нејзин терен со 4-2, мрежите мируваа на скопскиот дуел меѓу Работнички и Македонија Ѓорче Петров.
Струмичкиот тим имаше лудо отворање на мечот во Струга, по само седум минути игра веќе водеше со 2-0 со голови на Наумчески и Стојанов.
Струга се врати со погодок на Зенку кој намали на 1-2, но Ндзенге повторно ја затресе мрежата на домаќинот за водство од 3-1, пред крајот на првиот дел Бојку даде гол за 2-3.
Во второто полувреме имаше само еден гол и тоа во мрежата на Струга за конечни 2-4.
Навивачите крај Охридското езеро видоа дури шест голови, а на мечот во Скопје меѓу Работнички и Македонија Ѓорче Петров немаше ниту еден, натпреварот заврши 0-0.
Петок
Башкими – Шкупи 4-1
Тиквеш – Арсими 3-4
Сабота
Работнички – Македонија ЃП 0-0
Струга – Брера 2-4
Недела
Силекс – Пелистер
Понеделник
Шкендија – Вардар