Барселона со убедливи 4-0 ја победи Мајорка. Во 37. минута по асистенција од Меси, Брејтвејт зголеми на 2-0. Тоа беше негов деби погодок за Каталонците но кога ја затресе мрежата само мирно одеше по теренот и се поздрави со соиграчите.
„Како напаѓач секогаш сакате да постигнувате голови, ова е моментот кој долго го чекав“, изјави Брејтвајт по натпреварот.
„Важно беше да стартуваме на овој начин, бидејќи вака се зголемува самодовербата. Сакаме да продолжиме како денеска“.
Пофалби за него стигнаа и од тренерот Сетиен.
„Брејтвејт одигра многу добро, одлично се адаптираше како лево крило. Постигна гол и вршеше многу работа. Мораме да му честитаме бидејќи не е лесно да настапуваш во ваков тим на начинот на кој одигра тој“, вели Сетиен.