Бразил го избрал новиот селектор, големо европско тренерско име го презема кормилото!

by riste
1 минути читање

Последните информации од Бразил велат дека паднал избор за нов селектор, а тоа е португалскиот стратег, Жорге Жесус.

Жесус треба да го преземе кормилото на бразилската репрезентација од Доривал Жуниор кој беше отпуштен по тешкиот пораз од Аргентина.

Португалскиот стратег во моментов е тренер на Ал Хилал, а Бразил е подготвен да плати обештетување од 2,5 милиони евра за да го ангажира.

Промоцијата на Жесус би била во мај, а тој ќе потпише договор до завршувањето на Светското првенство во 2026 година.

Неговата плата ќе биде само 20 проценти од она што го добива во Ал Хилал, но во договорот ќе има големи бонуси.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани