Братот на Погба проговори за иднината на ѕвездата на Манчестер јунајтед

by
1 минути читање

Пол Погба влезе во последната сезона од договорот со Манчестер јунајтед и се додека прашањето за иднината му е отворено, ќе има шпекулации.

И неговот брат Матиас одговараше на прашања поврзани со иднината на Пол Погба.

„Пол се уште нема одлучено дали ќе остане или ќе си замине следното лето. Тоа е негова одлука. Се чувствува многу добро во Манчестер јунајтед сега, оваа сезона… па ќе видиме. Ќе видиме кога ќе одлучи“, вели Матиас Погба.

Погба се поврзува со Реал Мадрид, а понекогаш и со ПСЖ. „Атлетик“ синоќа излезе со вест дека сепак размислува да потпише нов договор со Манчестер јунајтед.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×