574
Креативниот играч од средниот ред беше позитивен на ковид од 15. октомври.
„Милан може да соопшти дека Брахим Дијаз е негативен на тестот на ковид-19“, соопшти клубот.
Вечерва Милан му гостува на Торино, Дијаз нема да му биде на располагање на Пиоли за овој меч.
Се уште не е јасно дали тој ќе биде во добра физичка форма за дербито во недела против Рома.
Пред два дена Тео Ернанез доби негативен тест на ковид-19. Пиоли потврди дека тој ќе биде во составот за мечот со Торино, но нема да биде стартер.