Брацо испрати порака до Барселона и Левандовски: Позицијата на Баерн е јасна!

by
1 минути читање

Роберт Левандовски
сака да замине од Алианц Арена, напаѓачот ова уште еднаш му го потврдил на Хасан
Салихамиџиќ на средбата во Мајорка.

Но Баерн Минхен
нема немера да остане без напаѓачот, популарниот Брацо денеска истакна дека
очекува да го види Роберт Левандовски во тренинг центарот на 12. јули кога е закажан
стартот на подготовките за новата сезона.

„Нашата позиција
е јасна. Роберт е под договор до јуни 2023 година“
– вели Хасан Салихамиџиќ.

Запрашан што ќе
се случи доколку Барселона достави нова понуда, спортскиот директор на Баерн
вели: „Не размислувам на тоа“.

„Очекувам да го
видам Роберт во тренинг центарот на 12. јули“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани