Борусија Дортмунд признава дека им е тешко да се справат со карактерот на Санчо

by
1 минути читање

Бројни екипи го сакаат Санчо, тој силно се поврзува со Манчестер јунајтед, а се споменуваат и Реал Мадрид и Челси.

Тоа што го прави на теренот е фантастично, но Санчо е фудбалер со проблематичен карактер надвор од теренот, можеби тоа се должи на младоста.

20-годишниот фудбалер беше казнет со 10.000 евра откако во својот дом повика фризер и се сликаше како се шиша без почитување на мерки. Ваквата казна од Германската фудбалска федерација, Санчо ја нарече „апсолутна шега“. 

Неговиот соиграч Емре Џан му порача дека треба да порасне. А сега спортскиот директор на Борусија Дортмунд Михаел Цорк признава дека им е тешко да го скротат карактерот на Санчо.

„Џејдон не е само исклучителен фудбалер кој е впечатлив на теренот, тој е впечатлив и со неговите активности надвор од него. Понекогаш тоа не е лесно за нас“, вели Михаел Цорк.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×