Борусија Дортмунд потврди дека имале состанок со Рајола, нивниот став е јасен

by
1 минути читање

Утринава Рајола и таткото на Халанд беа во Барселона на разговори со каталонскиот клуб.

Потврда стигна и од Борусија Дортмунд дека Рајола разговарал и со нив, сакал да го слушне нивниот став за да може да преговара со потенцијалните купувачи.

„Да, синоќа зборував со Рајола. Многу прецизно му ги кажавме нашите намери“, изјави спортскиот директор на Борусија Дортмунд, Михаел Цорк.

Ставот на Борусија Дортмунд е дека сакаат да го задржат Халанд уште една сезона, а ако треба да го продадат ова лето, тоа нема да биде за сума помала од 150 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани