Борусија Дортмунд минимално подобра од африканскиот ривал во голедата на СКП! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Борусија Дортмунд со тешка, но значајна победа го мина и вториот предизвик на Светското клупско првенство. Германскиот гигант со 4-3 го совлада борбениот Мамелоди Сандаунс на спектакуларен натпревар одигран на „ТКЛ Стадион“ во Синсинати.

Африканскиот тим започна фуриозно и уште во 11. минута поведе преку Рибеиро. Но, тоа како да ја разбуди Борусија. Само пет минути подоцна, Нмеча израмни, а потоа следеше целосен пресврт. Гираси донесе водство во 34. минута, а Џоб Белингем се запиша меѓу стрелците со својот прв гол во дресот на Дортмунд за 3-1 пред паузата.

Во вториот дел, Мудау си постигна автогол и резултатот стана 4-1 во корист на Дортмунд. Мамелоди не се предаде. Рајнерс во 64. минута намали на 4-2, а во последната минута од регуларното време Мотиба ја врати драмата со погодок за 4-3.

Во продолжението од шест минути, Сандаунс се обиде да направи сензација, но Дортмунд издржа и запиша нова победа на патот кон полуфиналето.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×