241
Ерлинг Халанд игра во фантастична голгетерска форма по преселба на „Сигнал Идуна Парка“ и често се поврзува со трансфер во некој европски гигант.
Во неговиот договр има откупна клаузула од 75 милиони евра, но таа е активна дури во 2022 а на многу клубови не им се чека, па тие уште летоска ќе тропнат на вратата на Борусија Дортмунд.
Според пишувањата на Билд, „милионерите“ ја одредиле цената на Ерлинг Халад и ќе бараат 150 милиони евра за разделба со напаѓачот во следните месеци.
Барселона, Реал Мадрид, Манчестер Сити, Манчестер јунајтед, Челси и Ливерпул се посочуваат како клубовите кои сакаат да го видат голгетерот во своите редови уште ова лето.