1,6K
Попладнево во Струга и Струмица ќе се одиграат реванш натпреварите во полуфиналето на Купот на Македонија.
Вардар со една нога е во финалето откако го доби првиот меч против Брера во Скопје со 3-0, па сега на реваншот треба само рутински да ја заврши започнатата мисија. Струмичани со сигурност нема да се предадат и ќе нападнат, меѓутоа останува да видиме дали имаат сили и квалитет за да парираат.
Далеку поизрамнето ќе биде крај Охридското езеро бидејќи Струга ја дочекува Шкендија со гол предност од првиот меч (2-1). Успеаја стружани да слават во Тетово и се поблизу до финалето, ама во дерби дуелите на мак-фудбалот секогаш сè е можно.
Двата полуфинални дуели се на програмата во 16:00.