Леонардо Бонучи проговори за несогласувањата со трeнерот Макс Алегри во 2017 година поради кои беше принуден да го напушти Јувентус и да се пресели во Милан.
Летото во 2017, Леонардо Бонучи го напушти Јувентус и направи трансфер во Милан, кој ќе се покаже како големо промашување и дефанзивецот по само 12 месеци ќе се врати во Торино.
Тој бил принуден на еден ваков потег поради недоразбирања со тренерот Макс Алегри, кои кулминирале на натпреварот против Палермо.
„Маркисио само што се врати по тешка повреда на лигаментите на коленото и по еден час игра беше „мртов“. Му кажав да побара замена, но не ме послуша. Потоа му кажав на Алегри дека треба да го повлече Маркисио од игра, но само 5 минути подоцна, Стураро беше заменет со Ринкон, па влеговме во расправија“ – раскажува Леонардо Бонучи.
„Ми кажа да „одј*бам“, ме потсети дека сум само играч и дофрли некоја навреда како „идиот“. По крајот на натпреварот бев бесен, го треснав Ландучи (помошниот на Алегри) од врата и тргнав да се пресметам со Алегри. Се фативме за гуша и моравме да бидеме разделени од соиграчите“.
Како казна за овој инцидент, Алегри го исфрли Леонардо Бонучи од тимот за мечот против Порто, па дефанзивецот од трибини го следеше натпреварот, и беше уловен фамозната сцена како Италијанецот на столче седи во свечената ложа.