81
Бонучи синоќа во 42. минута ја остави Италија со фудбалер помалку откако доби втор жолт картон. Азурите загубија од Шпанија и ја завршија серијата без пораз.
По мечот, Бонучи се извини за црвениот картон.
„Јас сум полут од вас, пред се на себе. Жал ми е и се извинувам. Но оваа Италија ќе се крене и ќе биде посилна од било кога“, напиша Бонучи.
Италија се сели во Торино каде во недела ќе игра за третото место во Лигата на нации со поразениот од вечерашниот меч меѓу Франција и Белгија.