Во последните
денови од летниот преоден рок, Кристијано Роналдо реши да стави крај на
авантурата во Јувентус и да се врати во Манчестер јунајтед. Во разговор со
Атлетик, Леонардо Бонучи вели дека фудбалерите на „старата дама“ се опуштиле
кога пристигнал Португалецот и сметале дека успехот е загарантиран само поради
тоа што ЦР7 е на теренот.
Дефанзивецот исто
така верува дека Кристијано Роналдо морал да замине за Јувентус одново да игра
како тим.
„Присуството на
Роналдо имаше големо влијание врз нас. Само што трениравме со него добивме
нешто екстра, но потсвесно, играчите почнаа да мислат дека неговото присуство е
доволно да се победи“ – вели Леонардо Бонучи.
„Се опуштивме
малку, не работевме како претходно, ја загубиме скромноста, пожртвуваноста, желбата секој
ден да гинеме за соиграчите“.
„Минатата сезона
финиширавме на позицијата број 4 и го освоивме Купот на Италија бидејќи
повторно игравме како тим. Тоа ни недостасуваше. Претходно ја имавме таа идеја,
додај му ја топката на Кристијано, тој ќе донесе победа. Но на Кристијано му беше
потребен тимот исто како што на тимот му беше потребен Кристијано“.
„Мораше да има
промена, тимот е тој што ги прави индивидуалците добри, индивидуалецот не го
прави добар тимот, па дури и тој индивидуалец да е најдобриот фудбалер во
светот“.