269
Тимот на Пирло одигра лош натпревар, според многумина најлош во последниот период. Црвениот картон на Квадрадо имаше големо влијание на текот на мечот но и пред него Јуве губеше.
Бонучи преку социјалните мрежи им се извини на фановите за лошата игра на нивниот тим.
„Најлошиот Јувентус во првиот дел од сезоната. Им се извинувам на фановите во мое име пред се. Нема што повеќе да се додаде“, напиша кратко Бонучи.