Дефанзивецот на
италијанскиот прволигаш Јувентус, Леонардо Бонучи инсистира на тоа дека оваа
сезона се уште може да биде победничка за клубот од Торино, а главната амбиција
е освојување на Лигата на шампионите, но и да бидат во топ четирите екипи во
Серија А.
„Амбициите се да
се избориме за пласман во Лигата на шампионите за идната сезона, но и да се
бориме до последен момент за да го освоиме тоа натпреварување исто така“ рече
Бонучи за официјалниот канал на Јувентус.
„Ланската година
покажавме дека Јувентус се уште е гладен за успеси, не го освоивме Скудетото
ланската сезона, но ја освоивме Копа Италија, како и Суперкупот, со тоа што го
дадовме нашиот одговор на прашањето дали сме презаситени од успесите, тоа беше
доволен доказ“ додаде стоперот.