475
Фудбалерите на Болоња се првиот полуфиналист во Копа Италија, откако славеа на тешкото гостување кај Аталанта во Бергамо со 0-1 (0-0).
Долго време мрежите мируваа на „Гевис“ во Бергамо. Аталанта се мачеше целосно да се наметне против ривалот, а тоа го плати на крајот.
Човек на одлука беше резервистот Сантиаго Кастро кој по нафрлување од слободен удар на Ликојанис беше највисок во скокот и со глава го матира Патрисио за 0-1 во 80. минута. Во завршницата Аталанта се обиде да врати, ама немаше сили за такво нешто.
Болоња во полуфиналето го чека подобриот од дуелот на Јувентус и Емполи.
⚽️ GOAL: Santiago Castro
— Goals Xtra (@GoalsXtra) February 4, 2025
🇮🇹 Atalanta 0-1 Bolognapic.twitter.com/0n566d33ip