Бојан Марковски е новиот тренер на Работнички

by bojan
0 минути читање

Работнички попладнево именуваше нов тренер, кормилото на првиот тим му го довери на Бојан Марковски.

Клубот од Дебар Маало минатиот месец се раздели со Горан Станиќ, кој реши да се посвети на обврските во младинските репрезентации на Македонија.

Потрагата по нов тренер не траеше долго, попладнево Работнички брифираше дека кормилото на првиот тим му е доверено на Бојан Марковски, кој му беше асистент на Горан Станиќ.

Своето деби, Бојан Марковски ќе го има на меѓународната сцена, во квалификациите за Конференциска лига.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани