Бодовите останаа во Скопје, Вардар ја победи Академија Пандев

by
0 минути читање

Вардар запиша три важни бода против Академија Пандев и врза две победи по ред. Двата погодоци беа постигни во вториот дел.

Резултатот го отвори Цветановски во 53. минута, а потоа Филип Илиќ одбрани пенал за Академија Пандев и не дозволи резултатот да биде израмнет.

На шест минути пред крајот, Филип Петковски ја завери победата, погоди за конечни 2-0.

Утре од 13 часот се играат преостанатите пет натпревари: Беласица – Работнички, Македонија ЃП – Шкупи, Пелистер – Силекс, Ренова – Борец, Струга ТЛ – Шкендија.

Фото: ФК Вардар

Можно е и ова да ти се допаѓа

×