Норвешкиот тим за првпат во својата историја ќе игра во полуфинале на Лига Европа откако на пенали го совлада Лацио.
Бодо со 2-0 победи на првиот меч, а толку беше за Лацио денеска по 90 минути игра и тоа се случи на драматичен начин.
Лацио поведе со гол на Кастељанос во 21. минута и тој резултат беше актуелен се до 93. минута кога Нослин даде гол за 2-0 и го однесе мечот во продолженија.
Во 100. минута Диа даде гол за предност на Лацио од 3-0, но домаќините не ја задржаа предноста, Хелмерсен во 109. минута даде гол за 3-1. Повторно беше израмнет вкупниот резултат, па пеналите го решаваа победникот.
Во пенал серијата Лацио промаши дури три пенали од пет шута, Бодо/Глимт утна двапати и ја доби пресметката за пласман во полуфинале каде ќе игра против Тотнем.