131
Ајнтрахт Франкфурт го откупи целосно Јовиќ од Бенфика за шест милиони евра, и се верува дека во летниот преоден рок ќе го продаде за голема сума на пари.
Реал Мадрид е во преговори со Ајнтрахт и најверојатно тоа ќе биде неговиот нов клуб.
„Дефинитивно има можност Јовиќ да потпише за Реал Мадрид“, потврди спортскиот директор на Ајнтрахт, Фреди Бобиќ за „ЗДФ“.
„Се надевам и сакам Лука да остане тука, но исто така сум реален и знам дека доколку голем клуб дојде и го сака Лука, немаме многу опции“.
Се верува дека Ајнтрахт ќе прифати понуда од околу 60 милиони евра, а 20% од таа сума треба да легне на сметката на Бенфика.