Бобан за ситуацијата со Модриќ: Еден ден е во Мајами, потоа во Саудиска Арабија, третиот во Динамо, а четвртиот во Милано

by 24 фудбал
1 минути читање

Звонимир Бобан, новиот претседател на Управниот одбор на Динамо Загреб, испрати повик до Лука Модриќ да ја заврши кариерата токму таму каде што ја започна – на „Максимир“. Но, според информациите од Италија, капитенот на Хрватска сепак се решил за друга дестинација – Милан.

Реал Мадрид донел одлука да не му понуди продолжување на договорот кој истекува на крајот од јуни, но 39-годишниот Модриќ не размислува за пензија. Целта му е да остане во форма и да ја дочека подготвен Светското првенство следното лето, а притоа не сака ниту трансфер во егзотика, туку уште една сезона на највисоко ниво.

Милан, според италијанските медиуми, веќе му понудил договор на една сезона со можност за продолжување, како и плата од 3 до 3.5 милиони евра по сезона – понуда што Модриќ наводно веќе ја прифатил. Се очекува трансферот да биде официјализиран веднаш по квалификациските натпревари на Хрватска против Гибралтар и Чешка.

Бобан, кој се наоѓа во Италија на настан организиран од Sky Sports, каде што последниве 15 години работи како коментатор, ја коментираше ситуацијата:

„Еден ден е во Мајами, друг ден во Саудиска Арабија, трет во Динамо, четвртиот во Милано… Додека не одлучи, нема ни што да се коментира. По толку години во Реал, нормално е да му треба време. Кога ќе реши, тогаш ќе зборува и за тоа. Очигледно е дека сè уште има што да понуди на секој клуб во кој ќе оди“, изјави Бобан.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани