Бобан откри анегодота со Капело: На 0-2 ми кажа како ќе заврши натпреварот

by Стефан
1 минути читање

Поранешниот ас на Милан и екс-функционер во УЕФА, Звонимир Бобан, кој денес е претседател на Динамо Загреб, беше гостин во студиото на „Скај Спорт“, каде што со воодушевување ја анализираше незаборавната полуфинална пресметка во Лигата на шампионите меѓу Интер и Барселона, која заврши 3:3.

„Овој натпревар беше вистинско ремек-дело. Кога Интер поведе со 2:0, Капело ми рече дека ќе заврши 3:3. Не му верував, но беше во право. Можеше да заврши и 5:5, таков беше ритамот“, откри Бобан, споделувајќи анегдота од студиото, токму во моментот кога Дензел Дамфрис го постигна вториот гол за Интер.

Легендата на хрватскиот фудбал не го криеше воодушевувањето од она што го видовме на теренот.

„Барселона играше одбрана како тимовите на Земан во деведесеттите – многу офанзивно, со многу простор позади. Интер беше одличен, но тешко е да се браниш кога играш против млади и талентирани играчи како Јамал, кои постојано менуваат позиции и создаваат вишок“, анализираше Бобан.

Според него, Барселона била поубедлива во првото полувреме, особено по постигнувањето на головите, додека во вториот дел гледавме поизрамнет дуел со повеќе шанси за „нераѕурите“.

„Ова беше натпревар од највисока класа – динамичен, технички перфектенкк, со неверојатна енергија и страст. Двете екипи покажаа зошто се дел од самиот врв на европскиот фудбал“, заврши Бобан.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани