Ботанег има интересен предлог кој сигурно нема да се реализира, би било чудо ако се случи, но Меси можеби кога ќе го слушне, ќе се подамисли.
„На Меси ќе му заврши договорот со Барселона по крајот на сезоната, колку јако би било да му се јави на Наполи и да му каже ќе дојдам“, вели Боатенг.
„Да им рече: „Не го пензионирајте бројот 10, би сакал да го носам во чест на Марадона и би сакал да дојдам и да играм година или две во Наполи, без да размислувам на пари, само од срце“.
„Замислете каква приказна би било тоа: „Во чест на Марадона ќе дојдам и ќе играм за Наполи“ да рече Меси, каква приказна би било тоа за светот, не само за фудбалот, туку за светот“.
„Би сакал да сум на местото на Меси, веднаш би му се јавил на претседателот на Наполи и би му го рекол тоа“.