Реал Мадрид покажа две лица на малиот стадион „Алфредо Ди Стефано“, кралскиот клуб блескаше во првиот дел кога ги постигна трите гола и ја обезбеди победата.
Резултатот го отвори Тони Крос уште во четвртата минута со убав гол откако една топка дојде до него.
Во 30. минута одлична акција на Реал Мадрид и лесна реализација на Серхио Рамос на кој не му беше тешко да ја затресе празната мрежа на Еибар за водство од 2-0.
Седум минути подоцна Марсело со силен шут го постигна третиот гол за Реал Мадрид.
Во второто полувреме како да излезе друг тим на Реал Мадрид, тимот на Зидан го намали темпото и не создаде речиси ни шанса. Еибар се обидуваше да се врати, со гол на Бигас во 60. минута дојде до 3-1. Имаше и уште некои шанси за гол но не успеа да постигне втор погодок.
По 28 одиграни кола Реал Мадрид е на второто место со 59 бода, два помалку од Барселона.