Бјелса контра критичарите, објасни зошто Гвардиола ќе биде успешен и со просечен тим од втора лига

by
1 минути читање

Пеп Гвардиола
важи за еден од најдобрите тренери на денешницата но и во историјата, но има
многумина кои веруваат дека стратегот е успешен само поради тоа што предводи
клубови кои имаат многу пари и можат да му ги исполнат сите желби.

Критичарите се
особено гласни сега кога Пеп Гвардиола со Манчестер Сити нема успех во Лигата
на шампиони а потороши огромно богатство на засилувања, само на одбрамбени
играчи има потрошено речиси 500 милиони евра.

Марсело Бјелса
сепак не се сложува со ова, тренерот на Лидс верува дека Пеп Гвардиола може да
биде успешен дури и доколку седи на кормилото на просечен клуб од втора лига.

Запрашан дали Пеп
Гвардиола може да го копира неговиот успех со Лидс, Аргентинецот вели: „Без
сомневање“.

Често се говори
дека Марсело Бјелса е менторот на Пеп Гвардиола, но „лудакот“ не мисли така: „Не
чувствувам дека сум му ментор на Гвардиола, има докази кои го поддржуваат ова.
Доколку има тренер кој е независен во своите идеи, тоа е Гвардиола“.

„Не мора да ми
верувате на зборот, само погледнете ги неговите тимови, никој друг не игра како нив. Пеп има огромна имагинација. Способен е веднаш да креира решение за проблем со кој
се соочува и способен е да ги имплементира работите кои ги предлага“.

„За тимот на
Барселона кој тој го креираше сите велат дека е еден од најдобрите во
историјата“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани