764
По одлуката на Роман Абрамович да го стави на продажба Челси, медиумите од Англија пишуваат дека десетина страни пројавиле интерес за купување на клубот од Стемфорд Бриџ.
Неколкумина дури и јавно проговорија, еден од нив е Бернард Антви Боасиако од Гана, кој песедува рудници со злато.
Во едно гостување на радио, тој потврди дека сака да го наследи Роман Абрамович на чело на Челси и откри какви потези ќе повлече.
Доколку го купи Челси, Бернард Антви Боасиако ќе го продаде Ромелу Лукаку и ќе се обиде да го донесе Винисиус Жуниор од Реал Мадрид.
Ќе преговорал и со Манчестер јунајтед за ангажман на Кристијано Роналдо, а ќе се обидел и да го донесе Лео Меси.